Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион на Блискиот Исток. Насредбата со министерот за одбрана на Либан, Мишел Менаса, што се одржала во Атина, главна тема биле регионалната безбедност, билатералната соработка и прашањето за статусот и заштитата на христијаните.
„Заштитата на христијанското население во поширокиот регион на Блиски Исток е прашање од највисок приоритет“, рекол Дендиас, додавајќи: „Христијаните во регионот не се само малцинство, туку автохтон народ кој е неразделен дел од историската и социјалната ткаенина на држави како Либан и Сирија.“
Министерот Дендиас потсетил дека Грција веќе долги години ги поддржува православните патријаршии во регионот и ќе продолжи да ги поддржува сите верски малцинства. Тој го спомена и долгогодишниот активизам на својата земја преку соработка со универзитети и културни институции во Либан, нагласувајќи дека таа активност продолжува и денес.

