Грчката црква го призна канонскиот статус на Охридската Архиепископија

Date:

Share post:

Грчката црква го призна канонскиот статус на МПЦ-ОА, прифаќајќи ја одлуката на Вселенската Патријаршија, со што практично стана третата црква која може да сослужува со МПЦ-ОА, откако тоа прво го направи Вселенската Патријаршија, а потоа и СПЦ.

Православната Црква на Грција денеска излезе со соопштение од нејзиниот Свет Синод, во кое се вели дека Атинската Архиепископија, возглавена од Архиепископот г. Јероним, со задоволство го прими писмото од Вселенската Патријаршија во кое се известува за „исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска Архиепископија, под водство на Неговото Блаженство Архиепископот г. Стефан.

Истовремено, Светиот архиерејски Синод на Атинската Архиепископија изразува сериозна загриженост поради писмото од Патријаршијата на Србија, пред сè, поради користењето на името „Македонска православна црква“, бидејќи на тој начин се навлегува во внатрешните работи на Црквата на Грција која, исто така, под своја јурисдикција има област наречена „Македонија“.

Дополнително, загриженоста на Атинскиот Синод е уште поголема и поради наводното доделување на автокефалија од страна на Црквата на Србија, бидејќи „единствената надлежна институција за доделување Автокефалност е Сечесната Вселенска Патријаршија“.

Накрај, во соопштението на Православната црква на Грција се вели дека „Светиот Синод ѝ посакува на Свештената Охридска Архиепископија под Неговото Блаженство Архиепископот г. Стефан, конструктивно да го исползува нејзиното враќање во црковното единство и подигањето на шизмата“.

1 COMMENT

  1. Накрај, во соопштението на Православната црква на Грција се вели дека „Светиот Синод ѝ посакува на Свештената Охридска Архиепископија под Неговото Блаженство Архиепископот г. Стефан, конструктивно да го исползува нејзиното враќање во црковното единство и подигањето на шизмата

    Порака од Грчката Црква: ОДРЕЦИТЕ СЕ ИМЕНА МАКЕДОНИЈА И СВЕГА ШТО ИМА ВЕЗЕ СА МАКЕДОНИЈОМ. ОДРЕЦИТЕ СЕ ДИЈАСПОРЕ.
    Ето шта ће вам дати “Татко на Православије”… Узеће вам све.
    Браво за Уредника коме је то све добро за Македонце и Македонију.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...