Почетна Вести Европа Се случува ли нешто во Руската црква? Eкспресно сменет Алфеев од шеф на одделот за надворешни работи
Се случува ли нешто во Руската црква? Eкспресно сменет Алфеев од шеф на одделот за надворешни работи

Се случува ли нешто во Руската црква? Eкспресно сменет Алфеев од шеф на одделот за надворешни работи

1.78K
0

Митрополитот Иларион Алфеев, практично втор човек на Руската Пртавославна Црква, денеска на заседанието на Синод на РПЦ е сменет од позицијата шеф на одделот за надворешни работи. Со истата одлука е разрешен и од постојан член на Синодот на РПЦ, од позицијата Ректор на богословската об разовна институција на РПЦ за постдипломски студии, Свети Кирил и Методиј. Синодот на РПЦ го назначил за Будимпештански митрополит и тој сега ќе управува со Унгарската епархија на РПЦ.

На позицијата на Иларион како претседател на одделот за надворешни работи на РПЦ и за постојан член на Синдоот е назначен извесен митрополит Антониј.

Освен одлуката, нема наведено какви било причини за разрешувањето на Алфеев. Но, според првичните оценки на влијателните црковни мендиуми во православниот свет, станува збор за неочекуван потег кој може да се толкува како деградација.

Медиумите во анализите посочуваат дека за одбележување е тоа што Митрополитот Иларион  е „ослободен“ без „да се изрази благодарност за сработеното“, што на бирократскиот јазик на Московската патријаршија значи дека промената на позицијата е санкционирање. Важи за близок човек на Рускиот патријарх Кирил и на оваа позиција беше од 2009 година, кога беше избран и за викар на новоизбраниот тогаш московски патријарх Кирил.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *