Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев стана ктитор на мал параклис во населбата Три Чешми во штипско.
Параклисот е посветен на Света Злата Мегленска.
Осветувањето на параклисот, ктиторство на Захариев и неговото семејство го извршил надлежниот Митрополит г. Иларион, заедно со свештеници од Штип.
Чинот на осветување бил на 19 април 2017 година.











