Почетна Вести Владиката Јосиф на гости кај градоначалничката Арифи
Владиката Јосиф на гости кај градоначалничката Арифи

Владиката Јосиф на гости кај градоначалничката Арифи

293
0

Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи организирала прием за Велигден за претставниците на Македонската православна црква.

На гости кај Арифи бил надлежниот Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Градоначалничката во нејзино лично име и во име на Општина Тетово им го честитала празникот на сите православни верници.

Митрополитот, како што соопштуваат од Епархијата,  во оваа прилика  и заблагодари на градоначалничката и советот на општина Тетово за одлуката која е донесена од страна на советот за ослободување од плаќање на надомест за утврдување на правен статус на бесправно изградени верски објекти на територија на општина Тетово.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *