Во серија необјаснети околности, еден висок службеник – митрополитот Нестор, претходно раководител на Егзархијата на Руската православна црква во Западна Европа – неодамна бил отстранет од функцијата по одлука на Патријархот Кирил. Извори блиски до РПЦ навеле дека официјалниот мотив за смената не бил нечие „страстакон покерот и други хазардни игри“, како што се шпекулираше, туку наводно „проукраинско“ или „антируско“ држење.
Руската новинарка Анстасија Коскело од порталот “NG‑Religii”, посочила дека Московската патријаршија не дала официјално објаснување, но дека се тврди дека Метрополитот Нестор бил обвинет како про-украински. Тие обвинувања биле упатени на канал на Телеграм, адмистриран од митрополитот Леонид во текот на изминатата година, во кој тој сугерирал дека Нестор е виновен за проукраински и русофобични ставови, па дури и учествувал во црковни служби со архиереи на автокефалната православна црква на Украина (ttps://www.ng.ru/ng_religii/2025-11-18/9_607_episcopade.html).
Аналитичарите го толкуваат овој потег како можен обид на патријарх Кирил да испрати силна порака кон епископите во Европа, каде што веројатно незадоволството и несогласувањето со војната во Украина растат: дека позициите на РПЦ, особено во контекст на конфликтот во Украина, не подлежат на отстапување. Овој чекор ја засилува перцепцијата дека Московската патријаршија се позиционира лојално кон Кремљ, што веројатно оди во прилог и на личната позиција на Патријархот, додека оние со поинакви ставови ризикуваат повлекување или промена.
Во сферата на православниот свет, односите меѓу Московската патријаршија и останатите цркви – особено во Украина, Западна Европа и балтичките држави – се во состојба на зголемен притисок и динамични промени.

