Едни поинакви Божиќ, Василица и Водици

Date:

Share post:

Ќе се одржат ли годинава традиционалните црковни манифестации за одбележување на трите големи христијански празници Божиќ, Василица и Водици, за кои е карактеристична масовна прослава на луѓето? Дали Македонска православна црква-Охридска архиепископија ќе може да ги откаже овие собири, кои во својата основа повеќе имаат традиција отколку верски елементи?

Токму последната одлука на Владата за зголемени рестриктивни мерки оди во насока на укажување на верските заедници да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на претстојните верски празници од 18 декември до 20 јануари идната година.

Во овој период МПЦ ги слави Божиќ, Василица и Водици. За сите три празници традиција се масовни собири и групирања. Пред и околу Божиќ се бадниковите огнови, бадниковите поворки и бадникарската здравица пред Соборниот храм во Скопје. За Василица, или Стара нова година, карактеристични се повторно маалските василичарски огнови, а за Водици, всушност, е и најмасовното празнување, со осветување на водите во реките и езерата низ земјава.

Поради тие причини, логично се поставува прашањето дали оваа година ќе ги има овие манифестации, особено за Водици, каде што обичај е во водите да влегуваат верници што треба да го извадат крстот, кој свештениците го фрлаат во осветените води.

Владата усвои и мерки да нема групирање по домови за слави и по друг повод, да нема групирање на јавен простор, по парковите и да не се напуштаат домовите без некаква посебна потреба по 18 часот.

Од МПЦ вчера посочија дека во следниот период, исто како и изминатите месеци од почетокот на пандемијата, се откажани сите масовни прослави на празниците.

Велат дека се откажани бадниковите поворки, прославите за одбележување на Божиќ, манифестацијата за Бадник пред Соборниот храм.

Владиката Тимотеј, наедно и портпарол на МПЦ-ОА, изјави дека немаат официјален став, но дека, секако, тој ќе се движи во насока на почитување на мерките што ги упатиле здравствените власти.

– Ние сме дел од овој народ и секако дека ги почитуваме мерките за заштита. Секако, не можеме да забраниме посета на верските храмови, но порачуваме тоа да се одвива со носење маски и држење дистанца меѓу верниците – одговори владиката Тимотеј.

Инаку, годинава за време на Велигден имаше полициски час, па, така, наместо во црквите, верниците останаа во своите домови, каде што го дочекаа воскресението. Свештениците тогаш посочуваа на почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот.

/Радмила Заревска (Нова Македонија)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Анализа: Молитвата среде дигиталниот шум – пат кон свесност во време на брдо информации

Современиот човек живее во постојана бура од информации. Тој се буди со нотификации, заспива со светлинатаод екранот, а...

Папата Лав XIV преку видео порака до Конференција во Бразил: Ние сме чувари на созданието, а не конкуренти во неговото искористување

На маргините на конференцијата COP30, којашто се оддржува во Бразил, папата Лав XIV испратил видео порака до бискупите...

Во Софија одржана Национална конференција на наставниците по религија: Потребни системски решенија за предметот во училиштата

Од 14 до 16 ноември, 78. средно училиште „Христо Смирненски“ во Банкја било домаќин на Националната конференција на...

Американски конгресмени бараат истрага: Руски разузнавачки служби можеби користат православни цркви во САД

Група републикански пратеници од Претставничкиот дом на САД упатиле писмо до американската државна обвинителка Пам Бонди со барање...