Почетна Празници Денеска е именден на поглаварот на МПЦ
Денеска е именден на поглаварот на МПЦ

Денеска е именден на поглаварот на МПЦ

159
0

Верски календар: 06 јануари

МПЦ-ОА/Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан
Роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето.

Злобните Евреи се препираа со него, но беа секогаш победувани од неговата мудрост и од силата на Светиот Дух Којшто дејствуваше преку него. Тогаш посрамени Евреите, свикнати на измами и клевети, го побунија народот и народните старешини против невиниот. Клеветата против Стефан велеше дека хулел на Бога и на Светиот пророк Мојсеј. Брзо најдоа лажни сведоци коишто тоа и го потврдија.

Тогаш Стефан застана пред народот и сите видоа дека лицето негово е како лице на ангел, т.е. озарено од благодатна светлина како што некогаш беше Мојсеј кога говореше со Бога. Стефан ги отвори своите усни и ги пореди многубројните доброчинства и чуда Божји извршени од Бога во минатото над народот израилски, но и многубројните злосторства и противења кон Бога од страна на тој народ.

Особено ги изобличи за убиството на Господ Христос, нарекувајќи ги предавници и крвници. И додека тие чкртаа со забите, Стефан погледна и го виде небото отворено и славата Божја. Тоа што го виде тој им го објави на Евреите: „Еве, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки кај седи од десната страна на Бога“ (Дела 7). Тогаш пакосниците го изведоа надвор од градот и го убија со камења.

Меѓу неговите мачители беше и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле. Во тоа време на некој камен во далечината стоеше Пресвета Богородица со Свети Јован Богослов и го гледаа мачеништвото на првиот маченик за вистината на нејзиниот Син и Бог, молејќи Го Бога за Стефана. Ова се случи една година по слегувањето на Светиот Дух на апостолите. Телото на Св. Стефан тајно го зеде и го погреба на својот имот Гамалиил, кнез еврејски, а потаен христијанин. Така заврши во слава првенецот меѓу христијанските маченици и се пресели во Царството на Господ Исус Христос.

КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Адриан
Денешниот светец е свети Адриан. Игумен од Кентерберија. По потекло бербер, израснат како Грк, се родил околу 635 година во Северна Африка, во источна Либија. Пред инвазијата на Арапите неговото семејство пребегнало во Неапол.

Бенедиктианец од рана младост.Бил Игумен на еден манастир на островот Нисиди, недалеку од Неапол. Го запознал Царот Константин Втори и бил советник на Папата Виталијан. Папата два пати му понудил да биде надбискуп Катербориски во Англија, но тој од скромност тоа го одбил. Кога на тоа место бил поставен свети Теодор од Тарза, Адриан го прифатил местото на негов помошник.

Во Англија останал до 669 година и постанал Игумен на манастирот Свети Петар и Павле во Кетерберија.

Адриан и Теодор биле исклучително успешни мисионери на своите многубројни патувања во Англија. Покрај тоа Адриан се прославил и како успешен учител по грчки и латински јазик, математика, поезија, астрономија, римско право и веронаука.

Под негово водство Кетерберија постанала образовен и културен центар во Англија. Основал школи во многу англиски краеви. Починал на денешен ден, 9 јануари 710 година во Катерберија.
Според преданието на неговиот гроб се случиле многу чуда. Особено го почитуваат учениците кои имаат проблеми со своите учители.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *