„ДНЕВНИК“: Нема основа верувањето за „дванаесетте некрстени дена

Date:

Share post:

Православниот теолог Владо Недески за „Дневник“ вели дека нема никаква теолошка или друга основа периодот меѓу денот на раѓањето на Исус Христос – Божик и денот на неговото крштевање – празникот Богојавление, да се нарекува „дванаесет некрстени дена“, како што е традиција кај нашиот народ.

Излегува дека Исус Христос е роден на Божик, а потоа, по дванаесет дена, бил крстен од свети Јован Kрстител. Ние добро знаеме дека Исус Христос бил крстен кога веќе имал 30 години и затоа не може да се каже дека имало „некрстени денови“. Ако некој сака навистина да го означи периодот во кој тој не бил крстен, тој би требало да изнесува 30 години и 12 дена. Но, кај нас се воспоставила традицијата деновите од Божик до Богојавление да се нарекуваат „некрстени денови“, што е сосема погрешно, укажува Недески.

Тој за „Дневник“ објаснува како се случило денот на Христовото раѓање и денот на неговото крштевање да се најдат во временско растојание од само 12 дена. Познато е дека во Библијата се наведени сите настани врзани за Исус Христос, но во ова дело, сепак, не се наведени точните датуми кога, на пример, се случило неговото раѓање или крштевање. Тие датуми биле определени во подоцнежните векови, како резултат на традициите што со текот на времето биле воспоставени меѓу раните христијани.

Суштината е во тоа дека двата датума се определиле преку различни традиции, кои се создавале во различни христијански центри на Истокот и на Западот. Потоа испаднало дека датумите се мошне блиску, наведува теологот.

dnevnikТој објаснува дека раните христијани имале неколку најважни празници – Пасха, Педесетница и Богојавленија. Меѓутоа, празникот Богојавленија во 3 век на нашата ера не се славел како ден на крштевањето на Исус Христос, туку бил еден вид збирен, односно, корпоративен празник. Во него биле вклучени сите настани во кои Исус Христос се појавувал како Бог – на пример, кога бил на свадба во Kана Галилејска, кога нахранил 5.000 луѓе со пет леба и две риби, кога ги воскреснал Лазар и еден млад човек, кој бил единствен на мајка, кога бил крстен…

Од тој збирен празник, прв како посебен празник се одвоил Божик, како ден на раѓањето на Исус Христос и тоа прво кај христијаните во Западна Европа, каде што е и определен датумот 25 декември. Не е познато како е определен овој датум, но се претпоставува дека тој е врзан за празникот на сонцето, кој се одбележувал кај Римјаните, а Исус Христос се сметал за ново сонце. Христијаните на Исток таков посебен празник почнуваат да го слават дури околу 380 година. Потоа се издвоил празникот што ќе му биде посветен само на денот на неговото крштевање, кој сега е познат како Богојавление, објаснува теологот.

Издвојувањето на посебниот празник посветен на крштевањето на Синот Божји во голема мерка се должело на тогашното погрешно учење на припадниците на христијанската секта наречена Василиди, кои живееле на северот на Африка. Тие проповедале дека Исус Христос е роден како обичен човек и оти со чинот на крштевањето станал Богочовек.

Таквото учење било погрешно и христијанските теолози успеале да му се спротивстават. Таа ерес била побиена, а останала традицијата тој ден да се празнува на 19 јануари, како и денеска. Но, како и во случајот со Божик, не е познато како е определен тој датум. Другите празници што се празнувале во збирниот празник Богојавленија потоа не се славеле како дотогаш и исчезнале, наведува Недески

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...