Верски календар: 23 Јули
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Бригита.
Била родена во Шведска, во 1303 година. Се омажила и имала осум синови. Стапила во дружината на свети Фрањо. По смртта на нејзиниот маж живеела аскетски покорнички живот. Основала заедница и отишла во Рим. Напишала многу книги во кои ги опишала сопствените мистични доживувања. Света Бригита умрела во Рим, во 1373 година.