Денеска е именден на митрополитот Брегалнички Иларион

Date:

Share post:

Верски календар: 03 Ноември

Преподобен Иларион Велики

sveti-ilarionКако што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што како надарено момче брзо ја прими и светската ученост и духовната мудрост. Штом Го позна Христа и се крсти, посака целосно да Му се предаде на служба на Господа. Со таа желба во срцето Иларион појде и го посети Св. Антониј во пустината и стана негов ученик. Потоа се врати во својата татковина и се подвизуваше близу Мајум, кај Газа. Демоните го плашеа со разни застрашувања, но со молитва кон Бога и со знакот на крстот постојано ги победуваше и ги изгонуваше. Околу него се собраа мноштво љубители на духовниот живот и за Палестина Св. Иларион стана она што за Египет беше Св. Антониј. Како Божествен учител, нерасслаблив подвижник, прекрасен чудотворец, Иларион беше уважуван не само од христијаните туку и од незнабожците. Но плашејќи се од човечките пофалби и говорејќи си со плач: „Тешко мене, ја примив на земјата својата плата!“, тој бегаше од место во место само за да се скрие од луѓето и да остане сам со својата душа и со Бога. Така се населуваше и извесно време живееше во Мисир, во Сицилија, во Далмација и најпосле на Кипар, каде што го заврши својот земен живот околу 372 година, кога имаше осумдесет години . Неговиот ученик Исихиј чудотворн

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...