БПЦ: Ќе сториме се да им помогнеме на браќата во Македонија за решавање на канонскиот статус на МПЦ

Date:

Share post:

Подготвени сме да сториме се што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во посланието на Синодот на БПЦ по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија.

Во посланието се вели дека историските судбини на земјите во кои живееме во регионот денеска се различни во споредба со минатитие државни и црковни реалности. Различни општествено-политички процеси низ годините доведоа до формирање нови држави и нови помесни православни цркви

„Она што продолжува и денес да не обединува сите нас, без исклучок, е нашата православна христијанска вера. Она што и денес продолжува да не сплотува е светата и маченичка Православна црква. Тоа беше и причината и нашата главна побуда да ја прифатиме улогата на посредник, предложена од македонска страна, да ги преземеме неопходните и сите можни чекори и дејства пред останатите братски православни цркви за решавање на канонскиот црковен статус на Православната црква во Република Македонија, која повеќе од половина век страда од наметната црковна изолација”, пишува во посланието од Синодот на БПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...