Почетна Вести Регион Бугарската Црква одбележа 1000 години Охридска Архиепископија во празна црква

Бугарската Црква одбележа 1000 години Охридска Архиепископија во празна црква

468
0

Повеќе новинарски екипи отколку верници можеа утрово да се забележат во Соборниот храм, Александар Невски во Софија, најголемата црква на БПЦ, каде Бугарската црква отслужи литургија за 1000 годишнината од создавањето на Охридската Архиепископија.

Иако за БПЦ ова беше еден од најзначајните настани оваа година, сепак на повикот за торжествено чествување дојдоа едвај педесетина верници.

На прославата на присуствуваше ниту некој од официјалниот државен и политички врв на Бугарија.

Интересно е за одбележување и тоа што на заедничката литургија на Синодот на БПЦ не се појавија двајцата митрополити кои беа против одлуката на БПЦ да не дојде на чествувањето на 1000 годишнината од ОА во Охрид.

Пловдискиот митрополит Николај и Старозагорскиот митрополит Кипријан не дојдоа на литургијата во црквата во Софија.

Од гости од другите православни цркви имало претставници само од Руската и од Романската православна црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *