Благодатниот Оган сепак ќе патува по светот

Date:

Share post:

Светиот Благодатен Оган од Ерусалим ќе биде пренесен во православните земји како и досега, и покрај драконските мерки против коронавирусот, соопштува весникот Jerusalem Post, повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи на Израел.

Поконкретно, согласно објавата, државата Израел изрази подготвеност да ги прими специјалните летови од православните држави, што секоја година го земаат Светиот Оган од Ерусалим.

„Точниот начин на процесот сè уште не е утврден, изјави изворот од Министерството за надворешни, бидејќи Министерството за здравство би можело да додаде повеќе ограничувања поради коронавирусот, но веќе се организирани летови за да го однесат Огнот во Русија, Украина и Грција“, објаснува подробно Jerusalem Post.

Според истиот весник, службата во Светиот Гроб ќе се одвива нормално, во присуство на 10, најмногу до 15 претставници на христијански цркви и во продолжение Светиот Оган ќе се пренесе до аеродромот во Тел Авив, каде ќе биде предаден на делегациите на христијанските земји, коишто, сепак, нема да се симнуваат од авионите на израелска почва, со цел да се запази карантинот.

/Бигорски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Владиката Наум и владиката Кирил од Вселенската патријаршија служеа на Света Гора

Митрополитот Струмички Наум бил во посета на Света Гора, каде заедно со Митрополитот на Имврос и Тенедос Кирил,...

Во црква и со платежна картичка – нема веќе ситни пари за свеќи и икони

Италијанските верници наскоро повеќе нема да мора да бараат ситни пари кога сакаат да дадат донација во црквата...

Папата Лав XIV и Махмуд Абас во Ватикан: итен повик за прекин на конфликтот во Газа

Во Ватикан се одржа средба меѓу поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, и палестинскиот претседател Махмуд Абас,...

Граѓани и верски лидери во Албанија против предлог-законот за родова еднаквост

Пред зградата на албанскиот Парламент во Тирана денеска се одржа протест против предлог-законот за родова еднаквост. Настанот го...