Игуменот Атанасиј од Скопската епархија е новиот игумен на Марковиот манастир, дознава Религија.мк. Тој е назначен на оваа позиција, откако игуманијата Сестра Илијана ја соблече мантијата и го напушти монашкиот живот.
Атанасиј беше замонашен во редовите на поранешната ПОА од владиката Јован, но во 2011 го напушти и помина во МПЦ-ОА. Од тогаш важи за човек од доверба на поглаварот. Според неофицијалните информации на Религија.мк, Атанасиј е еден од наредните предлози на Архиепископот за унапредување во чин Архимандрит.
Евентуалното унапредување на Атанасиј може да има и друга намера. Црковни извори за Религија.мк велат дека тој може да биде „Планот Б“ на Архиепископот за избор на архијереиј на упразнетата Австралиско-сиднејска епархија, со која администрираше владиката Тимоитеј. Слично како и за Дебарско-кичевската епархија и овде изборот може да биде изненадување.
Уставните рокови за времено управување со епархијата веќе одамна се поминати, но иако се очекуваше таму веќе да биде поставен владика, работите најверојатно се комплицирани.
Досега во игра се спомнуваа неколку имиња, меѓу кои Струмичкиот митрополит Наум, кој би бил поставен за админстратор. Потоа, Никола, викарниот епсикоп на Препсанско-пелагонисиот митрополит Петар. Трета опција беше Архимандритот Гаврил, кој веќе е во Австралија. Но, според информациите на Религија.мк, владиката Петар притиска таму да замина човек од негова доверба, а таков не е ниту Гаврил, ниту Наум. Неофицијално целта на Петар била повторно спојување на двете епархии во една, бидејќи тој сметал дека Австралиско-сиднејската епархија имала времен карактер се до смртта на владиката Тимотеј.
Од тие причини, нашите извори велат дека сосема можно е изборот во Австралија да се сведе на личност од доверба на Архиепископот, но и личност послушен на владиката Петар. Таквиот профил најногу одговара токму на Атанасиј.
Сепак, работите нама да бидат така едноставни, од причини што Уставот на Австралиско-сиднесјата епархија, одобрен од Тимотеј и од Синодот на МПЦ-ОА, предвидува дека црковните општини на оваа епархија мора да дадат согласност за избор на нејзин владика. Информациите на Религија.мк велат дека за нив засега најприфатливи се Игументот Гаврил и Митрополитот Наум, како архијереи кои би можеле да упрвауваат со оваа епархија. Засега не сакаат да го коментираат евентуалниот избор, но сосема се децинди дека наметнување на личност, кој е под влијание на Петар за владика, ќе значи обновување на раслокот на овие црковни општини.
Неофицијално не е исклучена можноста Архиепискипот Стефан, пред да се случи изборот на нов архијереј, да замине во каноноска посета на оваа епархија.

