Партениј со Бајадера кај Георгиј на гости – прва средба на Митрополитот и Викарниот епископ

Date:

Share post:

Митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј и Епископот Антаниски Партениј имале прва официјална средба, по изборот на новиот архијереј на епархијата. Средбата се случила денеска  во Митрополијата во Охрид.

Фотографии од средбата објавија и Епархијата и Бигорскиот манастир, а од нив се гледа дека Викарниот епископ на гости заминал со голема Бајадера и уште два подарока, кои не можат добро да се дефинираат.

Дебарско-кичевската епархија не објави детали од разговорот, додека Бигорскиот манастир посочи дека средбата поминала во „искрена и конструктивна атмосфера, исполнета со љубов кон Црквата Христова и со заедничка грижа за спасението на доверениот народ Божји“.

Најнапред, нашиот старец, од името на целата наша монашка заедница, му посака на митрополитот благословена и плодотворна архиерејска служба, душевно и телесно здравје, просветление и мудрост одозгора, за благобитието на епархијата, на монаштвото и свештенството, на верниците и на сите граѓани. Потоа, во текот на разговорот, старецот го запозна Високопреосвештениот со динамиката на мисијата и животот на нашата монашка заедница, како и со делувањето на светите манастири што се наоѓаат под негово духовно раководство. Се молиме и се надеваме дека оваа средба ќе биде почеток на плодотворна соработка, во духот на апостолското единство и евангелската љубов, на духовна полза за народот Христов, и за сите и за сѐ, стои во соопштението на Бигорски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...