До 1991 г., во услови на тоталитарната држава, на територијата на Украина, функционирала само Руската православна црква.
Потоа се случија неизбежните поделби, и тоа:
- Во Западна Украина, поранешните Унијати се отцепиле од православието и се организираа како Украинска грчко-католичка црква, примена во заедница со Ватикан.
- Поранешната црква на емигрантите, позната под името Украинска автокефална православна црква, продолжи со своите активности во Украина.
- Руската православна црква во Украина се подели на два дела:
– поголемата остана да функционира како „Украинска православна црква“ кон Московската патријаршија (РПЦ).
– помалата стана Украинска православна црква – Киевска патријаршија.
Во суштина, УАПЦ и УПЦ-КП беа расколнички формации од видот на нашиот т.н. „Алтернативен синод“, со кој беа и во црковно општење.
Во 2018 година користејќи го своето право на апелација, Вселенскиот патријарх Вартоломеј ги укина сите црковни пресуди кон свештениците на УАПЦ и УПЦ-КП (како што потоа направи и со протоѓаконот Андреј Кураев, со протоереј Алексеј Умински, со игумен Петар Еремеев итн.) од страна на руските духовни власти, и ги врати во канонско општење, како што подоцна, во 2022 година, тоа го направи и со целата Македонска православна црква.
Тој им постави услов да се покајат за расколот со тоа што ќе ги распуштат своите неканонски формации „УАПЦ“ и „УПЦ-КП“, што тие и го направија.
На 5 јануари 2019 г., според своите канонски овластувања, Вселенската патријаршија издаде Томос за автокефалност на Православната црква на Украина (канонско име), во којашто се вклучија поранешните расколници, како и двајца митрополити и неколку илјади парохии на Руската православна црква во Украина (УПЦ-МП).
Огромниот дел од Руската православна црква во Украина, под името „Украинска православна црква – Московска патријаршија“ одби да се сообрази со духовните одлуки на Вселенскиот патријарх и падна во раскол со него и со неколку други Помесни православни цркви.
Во февруари 2022 г. Путин нареди руски војници да влезат во Украина и започна сегашната руско-украинска војна. Руската православна црква целосно го поддржа Путин и ја благослови војната, нарекувајќи ја „свештена“, ги освети оружјата за убивање на Украинци и почна да ги лаже своите верници дека кој и да умре во војната со едноверните (православни Руси војуваат со православни Украинци) оди во рајот… [Голема лага, за ова повеќе се оди во пеколот, но секако – Господ е судија!]
Во мај 2022 г., Руската православна црква во Украина објави дека ги прекинува односите со Руската православна црква и од својот назив ги отстрани зборовите „Московска патријаршија“, т.е. УПЦ-МП остана само УПЦ. Меѓутоа, таа не го возобнови своето црковно општење со Вселенската патријаршија и продолжи да одбива да ги прифати и исполни нејзините решенија.
Логично – општеството и владата на Украина немаат доверба во поранешната Руска православна црква во Украина и против неа почнаа притисоци и прогони. Ова е факт кој е објективен и никој не треба да го негира! Спорно е колкав е обемот и колку се големи овие прогони, но негативниот однос и желбата на мнозинството Украинци, УПЦ да престане да постои е факт. Ова, се разбира, е во спротивност со евроатлантските вредности. Меѓутоа, за време на војна некои граѓански права и слободи неизбежно стануваат ограничени. И тоа не е во спротивност со евроатлантските вредности.
Оној којшто е навистина загрижен за судбината на црковната структура наречена „Украинска православна црква“ (УПЦ), нека се жали не на АМЕРИКАНСКИОТ, туку на РУСКИОТ амбасадор, бидејќи не зависи од САД, туку само од Путин да стави крај на војната и животот во Украина да се врати во нормалниот ритам во кој граѓанските права и слободи ќе функционираат во целост, а соодветно на тоа и прогонот против УПЦ би бил недозволив.
Името на виновник за притисоците и прогонот против УПЦ на митрополитот Онуфриј е Владимир Путин!
Почнувајќи ја оваа војна, тој ги предаде и убива своите луѓе од Руската православна црква во Украина, како и милиони нејзини наивни следбеници. Сите тие страдаат и од руските бомби и куршуми, и од омразата на своите сонародници, кои ги гледаат (со право или не) како симпатизери на отровната доктрина „руски мир“. Многу тешко и неизвесно!
Затоа, оние коишто се лицемерно загрижени за судбината на митрополитот Онуфриј и на неговата УПЦ, наместо да ги занимаваат западни дипломати со празни муабети (рековме дека во војна граѓанските права се ограничени и тоа е легално), треба да постават шатори пред РУСКАТА амбасада и да престојуваат таму сè додека Путин не им нареди на своите војници веднаш да ја напуштат Украина!
Судбината на УПЦ како верска институција е внатрешно украинско прашање за коешто ќе одлучуваат самите Украинци.
Во суштина, религиозните прогони не се прифатливи и никогаш не водат кон решавање на верските или, пак, други прашања!
Сите христијани треба да се молат и за мир и за добра волја меѓу луѓето, за православните верници во Украина да ги решат своите несогласувања и да се обединат според Христовата заповед:
„Сите нека бидат едно: како што Ти, Оче, си во Мене, и Јас во Тебе, така и тие нека бидат едно во Нас – за да поверува светот дека Ти Ме испрати.
(Јован 17:21)
/Фејсбук статус Архимандрит Никанор (БПЦ)


Охооо, каква зачудувачка еклисиолошка свест од еден архимандрит – значи монах! Зз неговото високопреподобие неизбежно било христијаните да ги следат политичките процеси и промени и кога политичките субјекти ќе ги сменат позициите или ќе ги прифатат геостратешките подароци (независноста на современа Украина е подарок од страна на СССР, којшто современите украински власти крајно го злоупотребија со демонска дрскост и неблагодарност од која на нормален човек му смрзнуваат коските) – во нови геополитички околности “природно” (!) било Телото Христово да се подели, со неколку расколи во неколку завојувани, спротиставени страни! Ова е некоја најнова, политички мотивирана еклисиологија која отворено зборува за своите вонцрковни темели, за темели надвор од Бога. Еклисиологија на која Богочовекот Исус Христос не и’ е критериум на животот на евхаристиските заедници ниту на Помесните Цркви, а Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква и не постои со својата мистична полнота, туку како некаква папоцентрична Вселенска Црква со римокатолички модел на единство кое е надворешно, но не и благодатно, не и иконично, со еден Поглавар кој е на земјата и напојувајќи се самиот ексклузивно со архипастирските енергии на вистинскиот Прв и Последен Возглавител на Црквата, Богочовекот Исус Христос, ја дистрибуира врховната Вистина и Премудрост и Правда недопирливо корегирајќи ги сите други(според таа еклисиологија наводни, не вистински) носители на архипастирски или на пастирски дарови и сили на кои очигледно, со таква поставеност на верата во веќе маргинилизираниот Бог и со таква идеја за устројство на Црквата – всушност и не се гледаат како богоукрасени носители на полнотата на даровите на Светиот Дух: на сите други црковни пастири според богословите како овој Никанор нешто им недостасува, па благото, политички коректно стапче (што требаше да биде Мојсеев жезол, т. е. бакарна змија која по потреба оживува и со библиски таинства на новосозерцана премудрост дејствува во светот, за сведоштво на трансцедентната сила на Живиот Бог, а потоа како посведочена и примена мистична порака се вкочанува повторно во жезол, исправено скока и стои мирно во рацете на пастирот кој го носи наследството на премудроста од древноста до вечноста – ама не, на современиот Мојсеј тоа не му е никако доволно, тој нема да ја види Ветената земја не затоа што не постапил според богонаучените зборови, туку затоа што одамна не чувствува потреба да го чуе гласот Божји, туку да ги благослови сите златни телиња од калапите на политичките работилници, за да има мир во кој неговата рака на лесно, лежерно благословување ќе биде целивана и самата како уште едно златно теле, телето на човечката жед за одмор од тесниот пат Господов. Еклисиологијата на ‘вселенистите’ (време е веќе да му дадеме име на овој нов, досега невиден правец во православната историја) му се поклонува на хуманизмот како надреден на нејзината вера, на евроатлантските вредност;, и ако сакаме да цитираме: таа не е повеќе одондестрана мудрост која не дава пет пари за мудроста на светот, која се бори против кнезот на овој свет : напротив, го препорачува како врховен господар и водач! Ги прегрнува неговите модели на владеење (подавајќи му го не само царевото, туку и Божјото на царот/владетелот, корпорацијата, а не на Бога), препорачува менување на границите/јурисдикциите според успехот на народите во војните (односно онака како што ќе се менуваат државните граници, ќе се менуваат, формираат или укинуваат и Помесните Цркви, со тоа што единствен богопрепорачан и недопирлив со еден указ во црковните канони на сите тие промени би останал само Цариградскиот Патријарх, кој впрочем одаман изгубил секаква геополитичка териотрија со која би пастирствувал, ама од другите архипастири бара да молат-колат да не изгубат со некоја војна и тие, зашто во спротивно тој ќе бара да исчезнат! Ќе им ги прекрои црковните граници, ќе ги припои кон други, новонастанати формации, ќе им зададе политички компромиси кои ќе бара со смирение и безусловна почит кон неговата волја да ги носат, ќе им ја расплаче мајката! Тоа право нему му го гарантира 28 канон од Халкидонскиот Собор и после невидениот продор на Мелетиј Метаксакис во првите децении на 20 век во најинтимните органи на Православието и изродувањето на накарадните рожби негови во современата историја, Цариградскиот Патријарх нема намера да се повлече од таа неочекувана нова власт и да ги убие своите сакани мутанти! Моделите на контрола на стадата на вселенистите ги чувствуваме веќе мошне јасно: царското свештенство е речиси непозната категорија во нивниот жаргон: силната потреба од хиерархија која меѓутоа се очекува да живее млако и со светска пристојност во прегратките на модерниот, еко-хуманизам на запазување на телесниот живот на планетата и’ е повеќе од доволен на Православната Црква Која слободно може да се откаже од Своите мачни идеали и да се качи ја трансокеанскиот брод на духовно разнородните еднакво млаки и спасителни.