Архиепископот Стефан на средба со рускиот амбасадор и со рускиот црковен претставник во Софија

Date:

Share post:

Рускиот Амбасадор Сергеј Баздникин, заедно со настојателот на подворјето на Руската Православна Црква во Софија, Бугарија, архимандрит Васиан, биле на средба со Архиепископот г. г. Стефан.

Н о Средбата, на која присуствувал и Епископот Хераклејски г. Климент се одржала на 11 ноември во Архиепископоијата во Скопје.

МПЦ-ОА, не споделува детали за што е разговарано. Сепак Руската амбасада во Скопје објави Архиепископот Стефан бил благодарен за помошта од Руската црква.

-Неговото Блаженство г.г. Стефан истакна дека нè обединува една заедничка вера и една духовна традиција. Тој додаде дека Руската црква долго време помагала во враќањето на Македонската Православна Црква во семејството на помесните православни цркви и е една од првите што ја признала нејзината автокефалност. Тој им се заблагодари на Неговата Светост Патријарх Кирил и на Руската Православна Црква за братската помош и поддршка што ѝ ја даваат на Македонската Православна Црква, пишува Руската амбасада за средбата.

1 COMMENT

  1. Архиепископот знае, синодот и владиците знаат, сите што треба да научат ќе научат … е сега дека ти Маријане и твоите ментори не сте информирани, штета голема …
    А, и зошто би знаел, кога за тебе владиците се горди, црквата понижена, текот на настаните комедија, ќе носиш млади владици, се не ти е погодено …
    Како да си центар на екумената …
    Би ти препорачал да се скриеш и да се покриеш … не си ни свесен колку и за бадијала штетиш и празнословуваш … за резил си.
    Како и досега, така и од сега … само Бог ќе си ги уредува работите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img