Почетна Вести Христијанство Украдените 20 икони, пронајдени во Албанија ќе бидат вратени по ратификација на договор
Украдените 20 икони, пронајдени во Албанија ќе бидат вратени по ратификација на договор

Украдените 20 икони, пронајдени во Албанија ќе бидат вратени по ратификација на договор

172
0

Со Договорот за соработка меѓу Албанија и Македонија за враќање на незаконски изнесените икони во земјата на потекло, што беше потпишан вчера, се враќаат 20 икони кои пред десетина години беа нелегално изнесени од земјата, апостапката ќе се финализира по ратификација на Договорот во двете држави. Се отвора процесот за враќање и на други икони од Албанија што беа идентификувани неодамна.

Како што информираше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, постапката се реализираше во период од повеќе од девет години и во неа беа вклучени стручни лица од Министерството за култура, Управата за заштита на културно наследство, МАНУ, Национален конзерваторски центар, Завод и музеј Битола и Завод и музеј Охрид.

-Тимот сите овие години стручните лица работеа синхронизирано и со една цел, враќање на иконите во земјава. Исто така, изразувам благодарност и до албанската страна, со која бевме во постојан контакт. Постојано разменувавме информации и стручни мислења. На заедничко задоволство, процесот има посакуван епилог, благодарение на професионалноста и на почитувањето на одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО од 1970 година, за начинот на забрана и спречување нелегален транспорт, извоз и пренос на сопственост на културни добра, чии потписнички сме и ние и Албанија – рече министерката на денешната прес-конференција.

Поточно, како што информираше, во рамки на случајот „Икона“, што во текот на октомври 2013 година се спроведе на територија на Република Албанија беа запленети голем број икони и црковни предмети.

Во меѓусебна соработка меѓу надлежните органи на двете земји, се разменија информации и сознанија кои потврдија дека 20 икони не се со потекло на Република Албанија, односно дека постојат индиции оти се нелегално изнесени од Република Македонија.

-Во натамошната постапка се идентификуваа иконите, црквите и манастирите од кои иконите се незаконски изнесени, временскиот период кога тоа е сторено и начинот на кој тие се пренеси во Албанија – рече министерката.

Како што напомена, Управата за заштита на културно наследство, орган во состав на Министерството за култура согласно член 442 а, од Законот за заштита на културното наследство донесе решение со кое 20 икони се утврдија за национално богатство на Република Македонија.

Согласно овој член 42 а од Законот за заштита на културно наследство, решение за утврдување на кутлурното наследство се донесува за антиквитети и други предмети на колекции, чија заштита не е востановена на друг начин, во случај кога тие се предмет на барање за извоз или изнесување во странство или кога незаконски се изнесени од територијата на Република Македонија и се предмет на реституција, односно враќање.

Истото е во согласност со член 3 и 13 од Конвенцијата за меѓу мерките за забрана и спречување на недозволен увоз и извоз и пренос на сопственоста на културни блага на Организацијата на Обединетите нации за просвета, наука и култура од 1970 година, на која потписник е Република Албанија, како и со Конвенцијата за украдени или незаконски извезени културни добра на Меѓународниот институт за унификација на приватното право од 1995 година.

Во меѓувреме, како што додаде министерката, се комплетираше документацијата според меѓународните прописи, а исто така и колегите од Албанија извршија увид во црквите од каде што се украдени иконите.

Целиот овој период, како што рече, постоеше и законска постапка која се спроведуваше и на албанската страна.

-Се работи за комплексни процеси кои се финализираа со потпишување на овој договор – рече Костадиновска Стојчевска.

Таа напомена дека за конечно враќање на иконите, потребно е двете собранија да ги ратификуваат договорите, по што ќе се случи и физичкото враќање на иконите во земјава.

-Оваа постапка е успех, но и опомена дека треба да вложиме напори безбедносно да го заштитиме културното наследство со цел истото да не биде предмет на кражби, кои би резултирале со негово незаконско изнесување од државата. Со оглед на тоа што најчесто цел на незаконските изнесувања се археолошките предмети и иконите, мора да ги зголемиме мерките за поголема безбедносна заштита на овој вид културно наследство. Заштитата на културното наследство е наша најголема одговорност, на секој поединец и на сите институции – рече министерката.

/Нова Македонија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *