Архиепископот Стефан и митрополитотот Тихон на заедничка литургија пред најзначајната мироточива икона

Date:

Share post:

Пред една од најзначајните христијански реликвии на северноамериканскот континент – мироточивата икона иверско-хавајска на Пресвета Богородица се случи завчерашното признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на Православната црква во Америка. Иконата, која е многу почитувана не само на тоа подрачје туку и во целиот христијански свет, беше поставена во централниот дел од катедралниот храм „Свети Николај Чудотворец“ во Вашингтон, САД, каде што се одржа заедничка литургија на претставниците на двете цркви. Во текот на првата заедничка литургија, по објавувањето на одлуката за признавање на македонската црковна автокефалност, поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, и американскиот митрополит, Тихон, пристапија пред иконата, каде што се поклонија. Ја бакнаа реликвијата со ликот на Мајката Божја и на нејзиниот син – Исус Христос. Ова беше првпат како што македонскиот архиепископ, г.г. Стефан, ја допре и се поклони пред вредната икона, зад која стои посебна приказна.

Таа започнала во 1982 година, кога иконата со Мајката Божја Иверска, која дотогаш се наоѓала во еден скит на Света Гора, била подарена на верник по име Јосиф, кој бил во посета на ова светилиште. По неговото враќање во Канада, иконата почнала да мироточи, односно да испушта посебно масло, поради што станала славна меѓу тамошните верници, кои ја нарекле „икона иверско-монтреалска“. Со трагичната смрт на верникот Јосиф, исчезнала и иконата. Но подоцна, во 2008 година, во домот на еден верник – Нектариј, на Хаваи, САД, „протекла“ копија на иконата на Мајката Божја Иверска. Овој верник ја добил копијата на иконата како подарок од својот парохиски свештеник, кој претходно ја купил во Торонто,  Канада, за 20 долари. Откако и претставниците на руската задгранична Црква во САД се увериле во течењето, решиле да ја прогласат иконата за мироточива, по што следувало сè поголемо обожавање од страна на христијанските верници на северноамериканскиот континент. Иконата често се пренесува во многу црковни храмови во САД и во Канада за да се поклонат верниците пред неа, а се бележат и повеќе примери дека им помогнала на верниците во најразлични ситуации.

Нејзиното значење сигурно беше причина за тоа што беше донесена во вашингтонскиот храм – за да го зголеми значењето на завчерашниот чин меѓу двете цркви. На заедничката литургија, поглаварот на ПЦА, митрополитот Тихон, ја соопшти одлуката со која тие ја признаваат автокефалноста на МПЦ-ОА.

– Официјално ја признаваме автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија – рече тој во обраќањето по заедничката богослужба, што предизвика аплауз од присутните верници.

Претходно, во текот на литургијата, митрополитот Тихон  првпат го спомена архиепископот Стефан во диптихот на поглаварите на православните цркви, со што и литургиски беше потврдено признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на ПЦА.

Во своето обраќање, пак, македонскиот архиепископ, г.г. Стефан, изрази голема благодарност.

– Дозволете да ја изразам мојата благодарност, благодарноста на Светиот синод и на целата полнота на МПЦ-ОА до митрополитот Тихон, односно нашата искрена благодарност за признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија – потенцира тој, по што зборуваше за историјатот на Македонската црква.

Тој рече дека Македонија е земја во која дошол и апостолот Павле, по што биле основани неколку бискупски центри и дека бискупи од Македонија учествувале на Првиот вселенски собор.

– Оттогаш, па натаму, во Македонија се развивало и ширело христијанството, а нашата Црква го проповедала словото Божјо секому, во секое време и на секое место – рече тој.

Ова сослужување доаѓа откако митрополитот Тихон рвпат јавно ја призна Македонската православна црква во текот на 21. Сеамерикански собор, одржан од 14 до 18 јули 2025 година, во Феникс, Аризона. Претходно, српскиот патријарх, Порфириј, побара Православната црква во Америка, во согласност со томосот доделен од Српската православна црква, да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, што беше прифатено.

/Вечер прес

1 COMMENT

  1. Можеби порталот vecer.mk нема преведувач или лектор со православна христијанска писменост, но religija.mk би требало да има. Значи, ‘бискупи’ назначува во својство на нејзини епископи Римокатоличката Црква. Православната Црква назначува епископи, владици, кои може да бидат и со ранг на митрополити, односно да се Првосвештеници во област со ранг на митрополија (која историски или тековно поседувала извесна административно-политичка или економска и геостратешка целовитост и независност). Бискупски центри немало во Македонија во времето на Апостол Павле, кога терминологијата не можела да биде римокатоличка, од причина што дури подоцна тој заминал на патувања во Западна Европа, па и во Рим. Да не дојдел во Македонија, не би отпатувал ни во Рим, бидејќи имал намера да замине на проповед во Азија, а не во Европа. Откако еден Македонец му се јавил во видение и го замолил за духовна помош за Македонците, Св. Апостол Павле ги сменил плановите за своите мисионерски патувања. Имено, поимот ‘епископ’ произлегува од грчкиот збор ‘епископос’ со значење (духовен) надгледник, чувар, заштитник, а поимот ‘бискуп’ од староанглискиот превод за тој збор ‘bisceop’ и средноанглискиот bisshop. Односно, со време англискиот поим доживува скратување и елизија на терминот ‘епископ’ во ‘piscop’. Саксонските преференци за помеки согласки го преточиле во ‘bishop’, денешниот збор за владика на англиски јазик. Но, ние Македонците, немаме духовни влијанија од англосаксонскиот христијански развој, туку ги користиме оригиналниот старогрчки термин ‘епископ’ и словенскиот ‘владика’, кој е многу поавтентичен и посоодветен на суштината на самиот поим.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Одбележани 10 години од осветувањето на црквата во Кавадарци

Архиепископот Стефан и уште четворица владици на МПЦ-ОА сослужуваа на денот на Света Петка во црквата во Кавадарци....

Партениј служеше во црквата во Дебар

Дебарчани и годинава се собраа во градската црква Света Петка за да го одбележат празникот и возобновената традиција...

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...