Отслужена заедничка литургија – Православната црква на Америка ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Православната црква во Америка ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА откако вчера поглаварите на двете цркви отслужија заедничка литургија во Вашингтон. На литургијата во катедралниот храм на ПЦА „Св. Николај Чудотворец“ во Вашингтон, беше отслужена заедничка Света Литургија од Неговото Блаженство г.г. Тихон, митрополит вашингтонски и архиепископ на цела Америка и Канада, и Неговото блаженство г.г. Стефан, архиепископ охридски и македонски.

Во текот на литургијата, Митрополитот Тихон за првпат го спомна архиепископот Стефан во Диптихот на поглаварите на православните цркви – со што и литургиски беше потврдено признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од страна на Православната црква во Америка.

На литургијата сослужуваа многубројни архијереи, свештеници и ѓакони од различни помесни православни Цркви. Молитвено присуствуваше и митрополитот Американско-канадски г. Методиј.

Ова сослужување доаѓа откако Митрополитот Тихон за првпат јавно ја призна Македонската православна црква за време на 21-от Севамерикански собор, одржан од 14 до 18 јули 2025 година во Феникс, Аризона. Претходно, српскиот патријарх Порфириј побара Православната црква во Америка, во согласност со Томосот доделен од Српската православна црква, да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, а што беше прифатено.

Според неофицијални сознанија на ВЕЧЕР по враќањето на архиепископот г.г. Стефан во Македонија се планира оддржување на синодската седница на која ќе се разгледува и односот на МПЦ-ОА кон ПЦА. Односно, дали ќе се признае нејзината автокефалност.

/Вечер Прес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...