Археолозите ја потрдија автентичноста на Христовиот гроб

Date:

Share post:

Гробот Господов во Ерусалим е токму онаа гробница којашто била пронајдена во IV век од страна на римскиот Император Константин Велики. До овие резултати дојдоа археолозите коишто вршеа иследувања врз христијанската светиња.

grobНа крајот од месец октомври, а за првпат после 5 века, археолозите ја отстранија белата мермерна плоча со која беше покриена гробницата. Таму тие пронајдоа вдлабнатина во варовникот, во којашто лежело телото на Господ Исус Христос.

За време на иследувањата археолозите ја открија претходно непознатата мермерна плоча на која е изгравиран крст. Според мислењето на научниците, него го изгравирале крстоносците во XII век.

Содржината на гробницата, според мислењето на археологот Фредерик Хиберт од National Geographic, „е јасен доказ дека местото за поклонение на современите верници, навистина е онаа гробница којашто римскиот Император Константин I ја пронашол во IV век“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...