Антиохискиот патријарх Јован го пречекал во својата резиденција вицепремиерот на Владата на Либан, Тарек Матри, кој бил придружуван од директорот на Управата за арапски прашања при сириското Министерство за надворешни работи и емиграција.
За време на средбата била отворена сеопфатна дискусија за актуелните случувања и општата ситуација во Сирија и Либан. Вицепремиерот ја изразил својата благодарност за ставовите на патријархот Јован и за историската и духовна улога на Патријаршијата во Дамаск, која континуирано се спроведува од сите патријарси низ времето.
Патријархот, од своја страна, упатил сречно добредојде и почит кон бицепремиерот и неговата придружба, нагласувајќи ја клучната улога на либанската влада во ова критично време за Либан и целиот Блиски Исток.

