Пред претстојното патување во Турција, папата Лав XIV објавил Апостолско писмо насловено „Во единството на верата“, посветено на 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја, одржан во 325 година.
Во писмото, поделено на дванаесет точки, папата ја поттикнува целата Црква да ја обнови својата жед за исповедување на верата, потсетувајќи дека Никео-константинополскиот Символна верата е „заедничко богатство на христијаните“. „Во единството на верата, христијаните беа повикани да одат во хармонија, да ја чуваат верата и да го предаваат дарот што го примиле со љубов и радост.“
Тој нагласил дека овој Символ е суштина на христијанската вера и дека неговото значење е особено актуелно во денешно време, исполнето со бројни тешкотии — војни, насилство, природни катастрофи, неправди и глад. „Симболот ни дава надеж“, нагласил папата.
Во писмото бил истакнат и вселенскиот карактер на соборот во Никеја и неговата важност за денешниот дијалог меѓу христијанските Цркви. Папата подвлекол дека „она што нè обединува е поголемо од она што нè дели“.
Како што се наведува, писмото е објавено токму пред папското патување во Турција, кое треба да се препознае како можност за обновување на заедништвото и сведочењето на верата.
