Американската црква ја призна МПЦ-ОА – Стефан именуван како Архиепископ на Охрид

Date:

Share post:

Американската православна црква, која формално е признаена само од Руската православна црква, донела одлука да ја признае МПЦ-ОА за автокефалната црква. Одлуката донесена на седница на синодот на оваа црква на 21 мај 2025 година, се однесува на признавање на каноничноста и потврда за целосното општење со архијереите, клирот и верен народ на ММПЦ-ОА.

Во соопштението на АПЦ, стои дека оваа одлука е донедена по барање на српскиот патријарх Порфириј и дека двете цркви АПЦ и МПЦ-ОА планираат заедничко сослужување на нивните поглавари во Вашингтон.

-Оваа одлука беше донесена на барање на Неговата Светост, Патријархот Порфириј од Србија, кој во официјална кореспонденција со Неговото Блаженство побара Православната Црква во Америка, во согласност со Томосот доделен од Српската Православна Црква, да ја признае автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Канцелариите на Митрополитот Тихон и Неговото Блаженство, Архиепископот Стефан од Охрид, во моментов планираат заедничко сослужување меѓу двајцата поглавари, кое ќе се одржи во катедралата „Свети Никола“ на Митрополитот Тихон во Вашингтон, Д.Ц. Ова сослужување, како што информираше Митрополитот Тихон на Сеправославниот Совет, ќе биде крунисано со формално признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква, која го зазема своето место рамо до рамо со Православната Црква во Америка како целосно автокефална помесна православна црква, стои во соопштението на АПЦ.

Иако АПЦ ја ословува МПЦ-ОА со нејзиното уставно име, сепак во соопштението Архиепископот Стефан го именува како Архиепископ на Охрид.

Православната црква на Америка е црковна структура настаната од руските иселеници по Болшевичката револуција, а во 1979 година признаена од Руската црква за автокефална. Ниту една помедсна православна црква, која денеска е во сослужување со Вселенската патријаршија не го признава административниот статус на автокефална црква на оваа црква. Канонскиот статус пак за поголем дел од црквите не е спорен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...