Рускиот теолог Чапнин за одлуката на ПЦА за МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Рускиот теолог, Сергеј Чапнин, ја коментираше одлуката на Православната црква на Америка да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА. На својата фејсбук страница вели дека нема никаква практична смисла во признавањето на МПЦ и дека повеќе станува збор за политички гест.

Неочекувана приказна. Се испоставува дека Синодот на ПЦА донесува „тајни“ одлуки.
Дури вчера, на Соборот, стана познато дека Синодот на ПЦА официјално ја признал автокефалноста на Македонската Православна Црква (МПЦ). Самата одлука е чудна, но не помалку чудно е и тоа што е донесена на 21 мај и е чувана во тајност до Соборот. Зошто толку тајност? Одлуката е донесена како одговор на барањето на српскиот патријарх Порфириј, кој во април ја посети Москва и се сретна не само со патријархот Кирил, туку и со Путин. Нема никаква практична смисла во признавањето на МПЦ. Повеќе станува збор за политички гест – ПЦА јавно застанува на страната на СПЦ и РПЦ, бидејќи е сосема очигледно дека грчките цркви нема да ја прифатат оваа одлука во нејзината сегашна форма под никакви околности. Хаосот во православниот свет продолжува. И нема никој што разумно би се дистанцирал од него, напиша, Сергеј Чапнин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...