Адеми го поддржа инспекторатот во казната за директорката за верскиот обред во училиште во Радовиш

Date:

Share post:

Строго почитување на законските прописи бара новонаименуваниот министер за образование Арбр Адеми. Тој најави дека Државниот просветен инспекторат и во иднина ќе реагира на сите неправилности кои ќе се појават во образовниот процес, како што беше случајот со верскиот обред во радовишкото училиште Крсте Петков Мисирков, пренесува Сител.

На примопредавањето на функцијата од неговата претходничка Рената Дескоска, Адеми рече дека законските рамки се прецизни, а во нивни рамки институциите ќе си ја вршат својата работа.

Државниот просветен инспекторат го казни основното училиште во Радовиш со илјада и 600, додека директорката со илјада 120 евра казна, откако минатата недела ифтарска вечера по повод Рамазан беше послужена во училишната менза, каде што локален оџа вршеше верски обред.

Дополнително од инспекторатот ќе поднесе барање до општинските власти во Радовиш за разрешување на директорката, затоа што дозволила верско организирање во училиштето, што е спротивно на закон.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...