Почетна Вести Христијанство Заев на католиците им го честита воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во епархија
Заев на католиците им го честита воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во епархија

Заев на католиците им го честита воздигнувањето на Апостолскиот егзархат во епархија

35
0

Премиерот Зоран Заев на католиците во Република Македонија им го честита воздигнувањето на македонскиот Апостолски егзархат во Македонија во Епархија од страна на папата Франциско.

Тој испрати писмо со честитки и до бискупот скопски, д-р Киро Стојанов, кој со оваа одлука на Ватикан се стекна и со титулата епарх на епархијата Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје. „Одлуката на светиот отец, папата Франциско, досегашниот Апостолски егзархат во Македонија да го воздигне во епархија со наслов Успение на Пресвета Богородица во Струмица – Скопје за католиците од византиски обред, за нас претставува потврда за достојното внимание на Светата столица во Ватикан за верниците од католичката вероисповед во Република Македонија“, пишува во писмото.

Слободата на вероисповедта и на верската определба, но и унапредување на правата и слободите на сите наши граѓани, додава Заев, останува цврста заложба во реформирањето на нашето заедничко општество во насока на подобра и европска иднина за сите граѓани на нашата Република Македонија.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *