По повеќе од еден месец изолација од своите духовни чеда, откако беше протеран од Манастирот Св. Прохор Пчински во Донибург – Мелбурн, Отец Гаврил служел литургија, но во црква под јуриздикција на Владиката г. Тимотеј.
Оваа одлука наиде на силна поддршка меѓу сите верници во Австралија, оценувајќи го Отец Гаврил како обединувачки елемент за Македоците на австралискиот континент.
Првата литургија на Отец Гаврил, заедно со Протојереј Ставрофор, Ефтим Бетински,за празникот Св. Спиридон, во црквата Успение на Пресвета Богородица во Синдам – Мелбурн.
Игуменот Гаврил во иднина и ќе продолжи да богослужи во оваа црква, која е под надлежност на Епархијата предводена од Владиката г. Тимотеј.