Почетна Вести Грчката црква секојдневно храни околу 10.000 сиромашни во Атина
Грчката црква секојдневно храни околу 10.000 сиромашни во Атина

Грчката црква секојдневно храни околу 10.000 сиромашни во Атина

585
0

Грчката православна црква за пет години поделила 18,6 милиони пакети со храна за сиромашните. Станува збор за хуманитарна акција на Атинската Архиепископија и црковно добротворно здружение -“Апостоли”. Проектот носи име “Цркавата на улиците”.

Секојдневно на овој начин на сиромашните лица во околу 80 парохиски центри во Атина им се делат околи 10.000 пакети со храна.

За последните пет години, колку што трае оваа акција, Атинската Архиепископија непрестајно секој ден учествува во исхраната на илјадници сиромашни.

Проектот е спроведување на дело на зборовите на Атинскиот Архиепископ Јероним  дека ниеден човек не треба да остане без храна.

Сепак, според зборовите на генералниот раководител на добротоворното здружение овој податок покажува и една друга статистика во Грција, а тоа е колку широк обем има кризата што последните години ја зафати Грција.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *