Кои светци се слават денеска?

Date:

Share post:

Верски календар: 29 декември.

МПЦ/Св. Пророк Агеј.

Свети пророк Агеј е еден од т.н. 12 мали старозаветни пророци. Една негова книга е зачувана во канонот на Стариот завет. Се роди во шестиот век пред Христа, при крајот на вавилонското ропство на Евреите. Го доживеа и нивното враќање во Јудеја. Преку овој пророк Господ ги охрабруваше Евреите во изградбата на разурнатиот ерусалимски храм, објавувајќи им дека тој ќе биде пославен од првиот, зашто во него ќе се појави царот на светот, спасителот на сите народи.

КАТОЛИЧКА ЦРКВА/Св. Тома Бекет.
Пред да стане бискуп на Англија, бил канцелар на англискиот крал, послушен дворјанин и приврзаник на кралскиот апсолутизам. Откако станал надбискуп во 1162 година, се борел за правата на црквата против кралското мешање во нејзиното подрачје. Тој сметал дека, како надбискуп на Англија мора да ги застапува интересите на црквата, а не повисоките интереси на кралот, кој го застапувал додека бил негов канцелар. Затоа, дошло до конфликт меѓу него и кралот Хенри Втори, што придонело Тома Бекет во 1170 година, да го убијат приврзаниците на кралот. Поради тоа, народот многу му се разбеснил на кралот, кој за да го ублажи бесот сам одел на гробот на Тома Бекет и се подвргнал на казната за јавно камшикување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...