Муслиманите усвоија единствен верски календар

Date:

Share post:

Муслиманите од 50 држави од светот, вклучувајќи ја и Македонија, кои го практикуваат традиционалниот ислам, усвоија единствен исламски верски календар, наречен Хиџретски Календар по кој во иднина ќе се одбележуваат сите исламски верски обреди.

Одлуката ја донел Конгресот на муслимански верски поглавари, на кои учествува и реисот ан ИВЗ на Македонија, Сулејман Реџепи заедно со Тетовскиот Муфтија, Ќани Несими.

redzepi 1Тоа практично значи дека сите муслимани во светот од Турција до САД празниците и верските обреди ќе ги одбележуваат по овој нов календар

Претседателот на Турската исламска верска заедница, Мехмет Гормез, под чија организација се одржал Конгресот  изјавил дека во верскиот календар кој е изгласан не постојат противречности помеѓу верските обреди и астрономските мерења.

-Меѓу предностите на овој календар е и придонесот во поглед на решавање на одредени проблеми со кои до сега се соочуваа Муслиманите и муслиманските малцинства. Исто така деновите на пост и бајрамските денови, кои за муслиманите имаат големо значење, со овој календар се обединети. Ова е одлука со која се укинуваат разединувањата меѓу муслиманите, изјавил Гормез.

Овој единствен верски исламски календар засега е во фаза на предлог, кој ќе биде презентиран пред „Организацијата за исламска соработка“ која треба да изгласа негова целосна имплементација во земјите членки.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...