Почнува летниот камп по веронаука во Бигорски

Date:

Share post:

Од 16 јуни почнува летниот камп по веронаука во организација на Бигорскиот и Рајчинскиот манастир. Оваа година низ летниот камп ќе поминат повеќе од 200 дечиња повозрасни од 8 години.

kamp 3Летниот камп ќе биде организиран во осум смени. За првите четири смени местата веќе се пополнети пред два месеци, поради големиот интерес, а останатите четири смени во траење од 4 до 5 дена ќе се одржат од 16 јуни, до 21 август. Сместувањето на заинтересираните деца кои ќе го посетуваат кампот по веронаука е во рамки на манастирските објекти. Во манастирот во Рајчица ќе бидат сместени девојчињата по 20 во смена, а во Бигорскиот манастир ќе бидат момчињата по 10 во смена.

kamp 2Од Бигорскиот манастир велат дека нивниот престој, освен со часовите по Веронаука, Византиско пеење и Англиски јазик, ќе биде исполнет и со најразлични активности, работилници и учество во богослужбите коишто ќе ги продлабочуваат детските религиозни знаења и доживувања.

kamp 1Децата се во постојана придружба на монашкото братство и сестринство,  девојчињата во Рајчичкиот манастир, а момчињата во Бигорскиот и се сместени во склоп на манастирските објекти. Престојот е бесплатен.

За термините и контактот за пријавување проверете овде.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...