Ферхад-пашината џамија во Бања Лука повторно обновена по 23 години од рушењето

Date:

Share post:

По 23 години од уривањето и 15 години подоцна од почетокот на обновата вчера свечено беше отворена Ферхад –пашината џамија во Бања Лука.

banja luka 2Црвената лента ја заеднички ја пресекоа Претседателот на босанското претседателстви, Бакир Изедбеговиќ, Ахмет Давутоглу, Рејсот на ИВЗ на БиХ, Хусеин Кавазовиќ, турскиот поглават на ИВЗ, Мехмет Гормез и бањалучкиот муфтија, Осман Козлиќ.

Свеченото отворање на „ферхудија“ или како што Босанците го нарекуваат„бањалучкиот бисер“, го следеле повеќе од 5000 верници и голем број официјални претставници.

banja luka 1За време на церемонијата, покрај претставници на политичкиот живот, со пораки за мит и обновување на соживотот зборувале и претставници на верските заедници од Православната црква, Католичката и од Еврејската заедница.

-Добро ни е позната радоста која ги исполнува душите и срцата на верниците кога ќе обноват стар или изградат нов дом за молитва на Бога. Овој дом е место каде верниците секогаш одново собираат сила за носење со животните предизвици. На тој начин ги совладуваат сите животни потешкотии. Посакувам овој дом за молитва на Бога успешно да ја продолжи својата духовна мисија, изјавил епископот на СПЦ Јефрем.

„Ферхадија“ е наследство од Ферхад-паша Соколовиќ изградена во 1579 година. На почеток на војната во БиХ на 7 мај 1993 целосно била урната, а нејзини делови биле фрлени на градската депонија и на дното од езерото.

Оваа џамија преставувале едно од најуспешните архитектонски градби на босанската архитектура во времето на Османлиите во XVI век, а потоа и дел од листата на споменици на УНЕСКО.

banja luka 4Оваа џамија беше една од 16 срушени џамии во Бања Лука за време на војната од 1992 до 1995 година. Досега се обновени сите освен Џамијата „Арнаудија“

Денот на уривањето, 7 мај во Босна и Херецеговина е прогласен за „Ден на џамиите“00

Обновата чинела 10 милиони к.марки или 5 милиони евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...