Обвинителството за тешки кривични дела во Тирана побарало 152 години затвор за деветтемина имами кои во Албанија регрутирале борци за Сирија и Ирак.
Според тиранската телевизија „Топ чанел“, обвинителството поседувало доволно докази дека обвинетите, во 2013 година убедувале, регрутирале и испраќале лица да се борат на страната на џихадистите.
Обвинетите беа уапсени во март 2014 година. Во текот на судскиот процес тие многу не зборуваа само постојано повторуваа дека не го признаваат овој туку судот на Алах.

