Почетна Вести Жени прекинаа литургии во католички цркви во Полска (ВИДЕО)

Жени прекинаа литургии во католички цркви во Полска (ВИДЕО)

259
0

polska abortus 2Десетици жени и мажи демонстративно ја напуштиле литургијата во една католичка црква во Варшава, како резултат на револт против намерата за целосна забрана на абортусот што се најавува како можност во Полска.

Полското општество изминативе неколку дена е соочено со серија протести против најавите за забрана за абортусот. Револтот е особено насочен кон Католичката црква која е иницијатор на идејата за забрана на абортусот.

По серијата протести, противниците на иницијативата решија револтот да го изразат и во црквите, каде свештениците го читале прогласот кој бараат политичарите да го преточат во закон.

На настанот реагирала и полската католичка црква потенцирајќи дека жалат што верниците кои дошле да присуствуваат на светата Литургија морале да бидат сведоци на планирана провокација на неколку лица.

-Тие без никаков срам го нарушија светото место и со своето врескање кратко го попречија молитвениот собир“ стои во соопштението на управата на католичката црква Света Ана.

Слични вакви настани со цел изразување револт против Католичката црква се случиле и во уште неколку градови во Полска.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *