Почетна Политичка теологија Иванов од Истанбул: Tероризмот и екстремизмот создадоа нова реалност во Европа (ВИДЕО)

Иванов од Истанбул: Tероризмот и екстремизмот создадоа нова реалност во Европа (ВИДЕО)

96
0

Како што бројот на бегалци ќе се зголемува, така волјата и подготвеноста на Европската Унија да ги прифаќа и интегрира ќе се намалува. Истовремено, мигрантската криза придонесе кон дополнително затегнување на односите меѓу државите, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на свеченото отворање на Евроазискиот економски самит кој се одржува во Истанбул.

ivanov istanbul 2Иванов потенцира дека колку е послаба соработката меѓу државите, толку е посилна соработката меѓу криминалците, и дека според одредени статистики трговијата со луѓе станува попрофитабилна од трговијата со наркотици.

-Она што дополнително загрижува е што истите канали ги користат и поединците со затворени умови кои со насилни терористички акти сеат насилство. Неодамна, покрај Париз, Брисел, Анкара и Истанбул се најде на ударот на тероризмот и насилниот екстремизам, кои создадоа нова реалност во Европа, рече во обраќањето македонскиот претседател.

Претседателот Иванов порача дека во вакви турбулентни времиња во кои се повеќе владее стравот и неизвесноста, неопходени се мудри решенија за овие горливи предизвици.

-Бегалците и мигрантите не се статистика, туку човечки битија, со неотуѓиви човечки права и со вродено човечко достоинство. Секој од нив е човек во потрага по среќа. За post festum да не ја согледаме моќта на немоќните, мора да бидеме хумани кон нив, и да им излеземе во пресрет, истакна Иванов.

Ова е шесто учество на претседателот Иванов на Евроазискиот економски форум, кој се одржува секоја година во организација на Мармара фондацијата. На форумот учествуваат актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците од 40-тина држави.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *