-Ова се времиња на големи предизвици, што ја искушуваат вербата во вистината и правдата и истрајната посветеност кон базичните вредности на човековата личност што водат кон спокој. Но секој предизивик е шанса за нов почеток, му напишал Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на поглавартот на Католичката црква во Македонија, Киро Стојанов во честитката за Велигден.
-Големите празници носат и голема духовната сила, потребна на секој кој се определил за патот на доброто. Денешниот ден, овој најголем христијански празник на победата на животот над смртта, нека ја поттикне таа духовна сила, храброст, трпелливост, мудрост во секое срце. Тргнувајки од овие чесни определби, да ја исполниме нашата обврска како луѓе и заедно да градиме општетство на задоволни и среќни граѓани, низ меѓусебна поддршка, разбирање и почит, пишува Заев
