Почетна Вера ИВАНОВ: Да останеме обединети во промоцијата на вистинските вредности
ИВАНОВ: Да останеме обединети во промоцијата на вистинските вредности

ИВАНОВ: Да останеме обединети во промоцијата на вистинските вредности

127
0

ivanov mala– Празнувајќи го големиот празник – Велигден, ја славиме победата над смртта и триумфот на љубовта и надежта. Христовата жртва е завет за генерациите кои ја продолжуваат пораката за соживот и слога, за разбирање и мир. Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни, пишува Претседателот Ѓорге Иванов во честитката што за Велигден ја испратил до верниците од католичка вероисповест и до Бискупот и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов.

Затоа, да останеме и понатаму обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит, како основа за просперитетна иднина на нашата земја, стои во честитката од претседателот Иванов.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *