Исламскиот универзитет „Ал Азхар“: Нападите во Брисел се во спротивност со исламот

Date:

Share post:

Престижниот исламски теолошки универзитет „Ал Азхар“ во Египет ги осуди атентатите во Брисел и соопшти дека тие му противречат на исламот, пренесе ТАСС.

„Овие ужасни злосторства се во спротивност со толерантното учење на исламот“, се наведува во соопштението на оваа исламска образовна институција.

„Доколку меѓународната заедница не се обедини против оваа епидемија, нечесните нема никогаш да запрат да ги изведуваат своите одвратни злосторства против невините“.

Универзитетот „Ал Азхар“ е најголемиот исламски универзитет во светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img