Заедничка делегација на православни и католички епископи од Бенелукс ја посетила Богословската школа на островот Халки, Турција. Делегацијата ја предводеле Митрополитот на Белгија, Атинагора и Лук Терлиден, католички архиепископ од Брисел.
Во составот на делегацијата биле епископот Јоаким на Аполониада, епископот Доситеј од Црквата на Грузија и повеќе католички епископи, меѓу кои Јохан Бони, Жан-Пјер Делвил Лод Ван Хеке и други придружници.
Гостите биле пречекани од игуменот – епископот Касијан кој ја истакнал историјата на школата и нејзината значајна улога во меѓухристијанскиот дијалог.
Посетата ја означува силната посветеност на двете традиции – православната и католичката, кон зајакнување на заемното разбирање, дијалог и единство. Богословската школа на Халки има вековна улога како место за теолошко образование, дијалог и подготовка за служба.
Преку овој вид заеднички активности, се потврдува дека христијанските цркви може да се обединат на духовна и интелектуална основа.

