Романски епископ: „Онлајн кликовите можат да повредуваат, да покажеме дигитално сочувство“

Date:

Share post:

Епископ Игнатиј од Епархија Хуши во својата празнична проповед зборувал влијанието на однесувањето на секој поединец во дигиталната средина, нагласувајќи дека едноставен клик може да прозбори против ближниот.

Во говорот одржан во Васлуј, тој повикал на одговорно користење на технологијата,: „Клик на објава со насилство, агресија, клевета или лаги не е ништо друго туку согласност со тоа што го споделуваме.“  Епископот посочил дека често стануваме „соработници“ со оние што повредуваат, со тоа што шириме или „лајкуваме“ содржини кои ги деградираат другите.

Според него, технологијата има потенцијал да покаже љубов и поддршка – „да сме до оние што се во страдање, дури и ако се стотици километри далеку“ – но за жал тоа ретко се прави.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img