Божикниот базар во Магдебург повторно отворен – една година по терористичкиот напад со автомобил

Date:

Share post:

Божикниот базар во германскиот град Магдебург ги отворил вратите за посетители речиси една година по страшната трагедија во која автомобил влета во празничната толпа и усмрти шест лица.

Во нападот на 20 декември, минатата година, загинале пет жени и едно дете, а десетици лица беа повредени. Инцидентот траеел нешто повеќе од една минута, но оставил длабока трага врз градот и посетителите.

Во четвртокот наутро, над 140 трговци ги отвориле своите штандови, нудејќи традиционални празнични производи – свеќи, волнени капи, карамелизирани бадеми, варено вино и други деликатеси во пресрет на коледарските и божикните празнувања, пренесува агенцијата DPA.

„Имаме надежни очекувања, со најголема почит кон тоа што се случи минатата година. Се надеваме дека луѓето ќе го преоткријат духот на нашиот божиќен базар“, изјавил Паул-Герхард Штигер, управен директор на Magdeburg Christmas Market GmbH.

Овој месец започнало и судењето за осомничениот извршител на нападот, 51-годишниот саудиски лекар Талеб ал-Абдолмухсен. Тој е обвинет за шест убиства и 338 обиди за убиство. Судењето се одвива во Окружниот суд во Магдебург, а рочиштата се закажани до март. Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со доживотна затворска казна. Истражителите утврдија дека минатогодишниот напад бил извршен со изнајмено возило, кое достигнало брзина од 48 км/ч додека влетувало во толпата.

По дискусиите за безбедноста и првичниот негативен став на надлежните да го одобрат отворањето, градот и организаторите вложиле најмалку 250.000 евра во нови системи за заштита. Биле инсталирани бетонски бариери што треба да спречат возила да навлегуваат на пазарот – мерка која доаѓа по критиките дека минатогодишната безбедност била недоволна.

Божикните базари се длабоко вкоренети во германската култура уште од средниот век и претставуваат една од најценетите празнични традиции, пренесена во многу земји ширум светот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img