Патријархот Кирил до Путин: „За првпат во оваа долга историја нашата Црквата е слободна“

Date:

Share post:

Патријархот Кирил од Московската патријаршија се сретнал со претседателот Владимир Путин, кој лично дошолда му го честита роденденот. Во разговорот, патријархот истакна дека односите меѓу Црквата и државата сега се такви „што нема конфликти кои би ги зацрниле“ — првпат во долга историја на Црквата.

Патријархот нагласил дека во старите царски времиња Црквата била под државна контрола, а во Советскиот период била под репресии. Но сега, како што рече, „за првпат во оваа долга историја, нашата Црква е слободна“.

Путин, пак, одговорил со честитка, истакнувајќи ја посветеноста на Патријархот во неговата секојдневна работа: „Ваша Светост, правите толку многу за православниот свет, за рускиот народ, за цела Русија “.

Овој настан јасно ја потенцира блиската врска помеѓу државата и црквата во Русија, како и значењето кое државниот врв му го препишува на црковниот авторитет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img