Светиот Синод на Грчката Православна Црква, на своето последно заседание, го одобрил барањето наПретставништвото на Грчката Црква во Брисел за потпишување Меморандум за соработка со Министерството за надворешни работи на Хеленската Република.
Документот има за цел да ја зајакне улогата на Канцеларијата во Брисел и да ја продлабочи соработката со европските институции, државните органи и граѓанскиот сектор.
Клучни цели на Меморандумот се:
- Дијалог за мир и помирување во Европа
Грчката Црква ќе учествува во активности насочени кон промоција на мирот, соработката и разбирањето меѓу европските народи, преку културни и хуманитарни иницијативи и поддршка на општествената кохезија.
- Промоција на духовната и културната мисија на Црквата
Канцеларијата ќе работи на афирмација на делото на Грчката Црква во соработка со институциите на ЕУ, Советот на Европа, УНЕСКО и други европски организации.
- Развивање на меѓурелигиски и дипломатски односи
Меморандумот предвидува продлабочување на односите меѓу религиозните заедници и организации во рамки на Европската Унија.
- Учествo во активности за солидарност и борба против дискриминација
Црквата ќе се вклучи во европски иницијативи поврзани со религиска, духовна и економска солидарност меѓу народите, со посебен акцент на борбата против ксенофобијата, расизмот и социјалната исклученост.
- Организација на образовни и културни настани
Во рамки на соработката ќе се организираат предавања, конференции, семинари и работни групи на теми од областа на православието, европската култура, историјата, уметноста, екологијата, дипломатијата, здравството и други области.
- Заеднички научни и образовни иницијативи
Ќе се развиваат програми за истражувачка соработка и проекти во специјализирани научни, социјални и образовни области.
- Заштита и промоција на нематеријалното културно наследство
Меморандумот предвидува активности за зачувување и афирмација на православното и на грчкото културно наследство преку партнерства со европските јавни и приватни институции.
Со оваа одлука, Грчката Православна Црква ја зајакнува својата улога во европскиот јавен простор, изразувајќи подготвеност да делува како мост меѓу духовните вредности и современите европски општествени предизвици.
