Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Date:

Share post:

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот дел од неговиот кампер би можел, „во одредени околности“, да биде протолкуван како говор кој поттикнува омраза, пишува Christian Today.

Станува збор за стихот од Евангелието по Јован (3:16): Зашто Бог толку го возљуби светот што Го даде својот Единороден Син, за секој што верува во Него да не погине, туку да има вечен живот.“

Пасторот Мик Флеминг, кој е познат по својата опсежна хуманитарна работа, изјавил дека на 27 октомври, додека бил на бензинска пумпа, случајно му се доближил полициски службеник и го предупредил дека стихот може да биде проблематичен ако некој поднесе жалба.

Според Флеминг, полицаецот бил учтив и немал нама да го приведе, туку „само да му дал пријателски совет“, велејќи: „Само ве предупредувам“. Пасторот изразил изненадување и загриженост за тоа во која насока се движи општеството: „До каде сме стигнале како земја, ако стих од христијанското Свето Писмо може да се сфати како манифестација на омраза?“ Флеминг истакнал дека нема намера да ја отстрани библиската порака од својот кампер, сметајќи ја за „порака што потсетува на тоа како вистинските промени се можни“. Многумина кои го погледнале неговото видео на YouTube му изразиле поддршка, нарекувајќи го стихот „порака на љубов“.

По појавата на видеото, полицијата на Ланкашир соопшти дека нема официјални информации за наводниот разговор меѓу полицаецот и пасторот. „Ние не би го сметале овој стих како повод за разгорување на омраза. Го повикуваме лицето што го објави видеото да стапи во контакт со нас за да ја провериме ситуацијата“, изјавилпортпарол на полициската служба.

Во Обединетото Кралство, јавното прикажување на религиозни текстови е дозволено согласно Законот за човекови права од 1998 година, кој гарантира слобода на изразување. Сепак, законот предвидува дека изјави што би можеле да се толкуваат како закана или поттикнување омраза врз основа на религија, раса или сексуална ориентација може да бидат предмет на полициска истрага според Законот за јавен ред од 1986 година.

Флеминг, некогашен зависник и наркодилер, кој се преобратил во христијанската вера и се посветил на помагање на бездомници и сиромашни, претходно добил пофалба и од принцот од Велс за својата хуманитарна работа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...