Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот на Светата Земја и претставникот на Ерменската Патријаршија, го пречекаа Неговата Екселенција Потпретседателот на САД, г. Џ. Д. Венс, и неговата сопруга, г-ѓа Уса Венс, во Светиот Храм на Воскресението Христово.
Неговото Блаженство лично ги поведе Потпретседателот и г-ѓа Венс во обиколка на светите места во храмот, при што зборуваше за длабокото значење на овој храм за целото христијанство како место на Распетието и Воскресението на Господ.
За време на посетата, Патријархот ги пренесе своите почитувачки поздрави до Претседателот Доналд Џ. Трамп и ја изрази својата искрена благодарност за напорите на Владата на САД, под раководство на претседателот Трамп, да се постигне прекин на огнот во Газа и да се олеснат страдањата на невините луѓе.
Во своето обраќање, Патријархот се повика на зборовите на Господ: „Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји“ (Матеј 5:9), потврдувајќи ја постојаната молитва на Црквата за враќање на мирот на Светата Земја со мудрост, милост и Божја благодатa
/Ромфеа.гр

