МПЦ-ОА и БПЦ го кршат мразот – заедничка прослава на Светите Кирил и Методиј

Date:

Share post:

Владици на МПЦ – ОА и на БПЦ заеднички го одбележаа денот на Светите Кирил и Методиј на 11 мај 2025 година, кога Бугарската православна црквата, по календар, го празнува споменот на Светите рамноапостолни. Ова е прв голем настан меѓу МПЦ-ОА и БПЦ, а кој е поврзан со заедничко чествување на настани кои ги обединуваат двете дежави и произлегуваат од договорот за Добрососедство. Историската комисија меѓу Скопје и Софија веќе постигна согласност за заедничко чествување на браќата Кирил и Методиј, како дел од задничката историја и овој настан има историско значење.

Во навечерието на празникот, на вечерната богослужба во Соборниот храм Свети Петар и Павле во Силистра, началствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар, во присуство на домаќинот, Митрополитот Доростолски Јаков и неговиот викарен Епископ Борис.

На самиот ден на празникот, на Божествената Литургија, началствуваше Митрополитот Доростолски Јаков, во сослужение со Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар, Митрополитот Кумановско-Осоговски Григориј, пензионираниот Митрополит Кумановско-Осоговски Јосиф, како и со Викарниот Епископ Велички Никола и викарниот Епископ на Доростолската Епархија Борис. На Светата Божествена Литургија сослужуваа и свештеници и ѓакони од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Бугарската Православна Црква.

Оваа заедничка молитвена радост беше сведоштво за духовната поврзаност на двата православни народи, Македонскиот и Бугарскиот, кои преку светото дело на Светите Браќа Кирил и Методиј се втемелија во Христовата вистина, стои во соопштението на Преспанско-пелагониската епархија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Православни монаси од Њујорк ја одржуваат манастирската економија со одгледување на кучиња

Луси и Исо, неговите германски овчари, веднаш почнуваат возбудено да лаат, а со нив и десетнеделната Пирена, едно...

Победата наша е верата наша: Свети Георгиј во животот на Црквата

Уште еднаш во текот на годината, нашата света Црква го празнува и почитува великомаченикот свети Георгиј. Освен во...

Единството не е административна состојба, туку евхаристиско заедништво вдахновено од Светиот Дух

Со благодарност кон дародавецот Бог, Кој ни ја подари можноста и денес да се собереме во Негово име,...

Демократски штит на ЕУ: Русија со години подготвувала дезинформативен напад во Молдавија

Европската унија ја претстави новата стратегија „Демократски штит“, замислена како одговор на забрзаните дезинформативни кампањи и хибридни закани,...