Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2024/2025

Date:

Share post:

Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2024/2025 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на Фондацијата, на двата факултета, како и од претставници од редовите на студентите.

За новата академска година се доделуваат 40 нови стипендии, од кои 20 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. И оваа година Фондацијата доделува еднократна парична награда од 1 200 евра во денарска противвредност за првенците на генерација на двата факултета. Добитници на оваа награда годинава се Фросина Димоска од Фармацевтскиот факултет (со просек 9,72) и Aнастасија Петличковска од Медицинскиот факултет (со просек 9,92). Првенците се досегашни стипендисти на Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Вложувањето во млади таленти од сферата на науката, особено во делот на фармацијата и медицината, е долгорочна инвестиција во поздраво општество. Фондацијата ’Трајче Мукаетов’ во изминатите 17 години е дел од успешната академска приказна на 699 стипендирани студенти на државниот универзитет во Скопје. Навистина ми е драго што досега 110 oд стипендираните студенти одлучиле да започнат да ги градат своите кариери во некои од одделите на ’Алкалоид’. Високата селективност при ангажирањето стручен кадар и континуираните вложувања во истражување, развој и нови технологии и постојаното стручно надоградување придонесоа ‘Алкалоид’ денес конкурентно и достоинствено да се носи на глобалниот фармацевтски пазар“, изјави Живко Мукаетов, претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ и генерален директор на компанијата „Алкалоид“ АД Скопје.

Во седумнаесетте години постоење Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 699 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 141 милион денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација.

Oд ноември 2022 година износот на стипендијата изнесува 7 000 денари во текот на 12 месеци и се пресметува линеарно за постојните и за новите стипендисти, сѐ до нивното формално завршување на студиите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Православни монаси од Њујорк ја одржуваат манастирската економија со одгледување на кучиња

Луси и Исо, неговите германски овчари, веднаш почнуваат возбудено да лаат, а со нив и десетнеделната Пирена, едно...

Победата наша е верата наша: Свети Георгиј во животот на Црквата

Уште еднаш во текот на годината, нашата света Црква го празнува и почитува великомаченикот свети Георгиј. Освен во...

Единството не е административна состојба, туку евхаристиско заедништво вдахновено од Светиот Дух

Со благодарност кон дародавецот Бог, Кој ни ја подари можноста и денес да се собереме во Негово име,...

Демократски штит на ЕУ: Русија со години подготвувала дезинформативен напад во Молдавија

Европската унија ја претстави новата стратегија „Демократски штит“, замислена како одговор на забрзаните дезинформативни кампањи и хибридни закани,...