Епархијата за Европа на МПЦ-ОА во Словенија ги отвора вратите на црквите за помош на семејствата на кои им е потребна помош поради лекување на нивните деца од трагедијата во Кочани. Во Сабота во црквите на МПЦ – ОА ќе се служи и заупокоена литургија за загинатите.
-Сакаме да известиме дека Црковните Одбори и самоиницијативна група на наши студенти веќе изготвија и прават база на податоци, луѓе кои нудите помош во разни облици, сместување, превоз, и остваруваат контакт и координација со семејствата на кои им е потребна нашата помош, и како ” базична подршка”. Во овој момент најдобро е да направиме едно Национално обединување овде во Словенија преку т.н ” кризен штаб” по тоа прашање, полесно ќе се искординира и реализира секоја потреба, отколку сите поединечно да настапуваме, Црква, Културни Друштва Студентска Организација, поединци. За едно од семејствата кое утре ќе пристигне во Љубљана обезбедено е сместување и авионски карти, велат од црковните одбори на МПЦ-ОА во Словенија.
Во сабота Литургиите ќе бидат во црквата во Крањ 08:30, во Љубљана 10:30.